• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

НОВА '20 - автобус

РИМ, ВАТИКАН, БАРИ и НЕАПОЛ (5)

Сите патишта водат во РИМ Вечниот Град кој е музеј на отворено за милионите туристи кои го посетуваат. Седиштето на “светата столица” - Ватикан е во самото срце на Рим, каде се издига најголемата црква - ”Св. Петар”. Неапол - град под вулканот Везув, град на пицата...


29.12.2019 

Поаѓање на групата во 15 ч се патува преку Игуменица за Бари. Поаѓање во 23  ч со брод од Игуменица за Бари (Италија).


30.12.2019 

Пристигнување во Бари во утринските часови па продолжување за Рим. Попладнето  разгледување на Рим со локален водич: Римскиот Форум, Колосеумот, Форумот на цар Трајан, Капитол, плоштадите Венеција и Еспанија, Шпанските скали, Фонтана Ди Треви. Сместување во хотел. Ноќевање.


31.12.2019

Појадок. Факултативно разгледување на Ватикан со локален водич: Ватикан -ските музеи, цр Св. Петар, Сикстинската Капела... Слободно време во центарот на Рим, па враќање в хотел со можност за попатна посета на шопинг центар. Вечерта дочек на Новата 2020 год. на плоштад со многу музички групи и традиционално богат огномет. По полноќ враќање вo хотел. Ноќевање.


01.01.2020 

Појадок. Поаѓање за Бари со попатна посета на Неапол - град на пицата, град на дворци,тврдини,цркви (400),град под зажтита на УНЕСКО каде можат да се видат прекрасни градби: Кралската палата, црквата Сан Франческо Ди Паола, Кастел Нуово,Театарот Сан Карло... Се продолжува до Бари а оттаму со брод со ноќно пловење до Игуменица.


02.01.2020 

Утрото пристигнување во Игуменица а потоа се продолжува за Македонија. Пристигнување во Прилеп во попладневните часови.

Цена: 13.900 ден. 

           

Во цената е пресметано:

превоз со туристички автобус на дадената релација
превоз со брод Игуменица-Бари-Игуменица на “DECK”,со бродска такса
2 нокевања со појадок во хотел со 3* - Рим
разгледување на Рим со локален водич
попатни посета на Неапол
организација и придружник на екскурзијата

Во цената не е пресметано:  

задолжително здравствено патничко осигурување
доплата за кабина Игуменица – Бари - Игуменица  од 50 - 90 евра по лице

(при резервација во Т.А.)

превоз, влез и разглед со слушалки на Ватикан со локален водич - 30 евра,
доплата на туристичка такса за хотел во Рим (4 еур по лице по ден-плаќање во хотел)