HOTEL PILALIDIS 3* (14)

Хотел "Pilalidis" се наоѓа на 150m од плажа и околу 300m од центарот на Пефкохори под главниот пат во крајниот дел на пефкохори.
Хотелски соджини: Се состои од главна зграда во која се наоѓа Рецепција со Lobby bar и Ресторан, голем хол со фолтељи каде гостите си го остваат багажот на денот на сместување и заминување со бесплатен Wi-Fi интернет. Неколку вили од кои секоја oд по 4 до 6 студија на приземје и 1-ви кат, опкружени со преубаво уредениот, огромен двор со многу зеленило, палми, трева, голем и мал (детски) базен, со лежалки, бар за пијалоци покрај базенот, игачки за деца.. Идеално место за одмор и релаксација за фамилии со 1 дете или парови по 2 лица. Во непосредна близина на хотелот се наоѓа пекара, маркет и ресторани за брза храна.
Хотелско сместување: Сместувачките капацитети се од типот на студија (на приземје и 1-ви кат) со комплетно опремена мини кујна со фрижидер од 40l со мала комора, едно пошироко (120cm) легло и едно регуларно легло, клима (со доплата), купатило, TV, гардеробер, телефон, ноќни ламби, тераса со масичка и столчиња со прекрасен поглед кон базенот или одлично уредената градина.. Ви посакуваме пријатен престој.

 

 

НАПОМЕНА

-  Цените се дадени по лице за 7 ноќи/8 дена со вклучен превоз | 3-то возрасно лице и 1 или 2 деца до 12 год. - БЕСПЛАТНО сместување; -  Цените за 7 ноќи/8 дена (со *), се дадени за наем на цело студио без вклучен превоз; -  Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд. -  При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа; -  Во студио плаќаат минимум 2 лица | Дете до 12 год. се сместува БЕСПЛАТНО, плаќа само превоз; -  Максимално сместување:
      - во 1/2+1 Студиo - 2 возрасни и 1 дете до 12 години;
      - во 1/3+1 Студио - 2 возрасни и 2 деца до 12 години или 3 возрасни и 1 дете до 12 години.
-  Поради генерално чистење на студијата после секоја смена, истите се напуштаат во 10:00 часот, а се добиваат околу 14:00 часот (локално време); -  Превоз од: Штип / Скопје / Куманово / Велес / Струмица / Удово / Гевгелија. -  Автобусот ги остава/зема патниците на околу 10m од хотелот. -  Wi-Fi интернет - БЕСПЛАТЕН на рецепција и покрај базенот. -  Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти.

 

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ

-  За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 10% попуст на вториот термин; -  За аранжманите за 7 ноќи/8 дена (без *), при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице; -  Доплата за туристичка такса - околу 1.00€ од соба од ноќ (се плаќа во самиот објект); -  Доплата за клима - 5€ од ден, на рецепција во Хотелот; -  Доплата за превоз: 35€ за возрасни / 25€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. - бесплатно (без седиште); -  Доплата за патничко осигурување.