• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

ПАРИЗ (2)

 

Распослан на брегот на реката Сена, која го дели на два дела, овој преубав град, познат како “ Град на светлината “ е политички, економски и културен центар на Француската држава. Тој е еден од најзначајните светски градови во кој имаат свое седиште бројни меѓународни организации. Поради својата историја долга два милениуми, Париз одсекогаш бил место на значајни историски случувања како и собиралиште на најпознати светски уметници. Големиот број на знаменитости и туристички атракции како Двореците Версај и Монтенебло, катедралата Нотр Дам, Црквата Сакр Кер, Музеите Лувр, Орсеј и многу други ке го направат вашиот престој во овој град музеј, незаборавен

 

1 ден – 27.12.2019 (Петок)

Состанок на групата на аеродром во Скопје во 04.30 часот. Полетување за Париз преку Загреб во 05:45 од Скопје,со вклучени пијалоци и оброк во авион. Слетување во Париз во 11:05. Организиран превоз и панорамски разглед на градот со попатни застанување. После 14.00 часот сместување во хотел. Слободно време за одмор и ручек. Организирана прошетка со метро по Елисејските полиња, крстарење со брод по Сена (факултативно). Слободно време за вечера (факултативна) на Елисејските Полиња. Враќање во хотел со метро. Ноќевање.


2 ден – 28.12.2019 (Сабота)

Појадок. Во 08.00 часот организирана (факултативна) посета на Лувре со метро и водич. Влез во 09.00 ч. Разгледот трае до 12 часот. Слободно време за одмор. Организирана посета на Галеријата Лафајет и Операта Гарние (од надвор). Слободно време за ручек. Во попладневните часови организирана посета на Музејот Фрагонар, плоштадот Вандом и хотелот Риц. Враќање во хотел. Заедничка вечерна прошетка по Елисејските полиња, слободно време за вечера во некој од националните ресторани. Ноќевање.

 

3 ден – 29.12.2019 (Недела)

Појадок. Организирана( факултативна) посета на Версај со автобус и водич. Поаѓање од хотел во 09.30 ч. Се посетува дворецот и парковите. Вракање во Париз и тоа во Латинскиот кварт,посета на Богородична црква. Слободно време за ручек и индивидуални прошетки во квартот. Во попладневните часови организирана посета на Ајфелова куласо метро.Заедничка вечера (факултативна) во ресторан на Трокадеро. Враќање во хотел. Можност за посета на Мулен руж (со седење) (факултативно). Ноќевање.

 

4 ден – 30.12.2019 (Понеделник)

Појадок. Во 08.30ч организирана целодневна посета со автобус на забавниот парк за возрасни и деца – Дизниленд. За оние кои остануваат во Париз организирани прошетки по мостовите на Сена, плоштадите,парковите, општината, бастиља, центарот Помпиду, новиот дел на Париз, Ла Дефен. Ноќевање.

 

5 ден – 31.01.2019 (Вторник)

Појадок. Организирана посета на квартот Мон Март со метро. Прошетка по славната улица Пигал, посета на Француското кабаре Мулен Руж од надвор.Посета на квартот на сликарите,и црквата Свето Срце. Слободно време за ручек .За љубителите на уметноста можност за посета на музејот Орсеј. Враќање во хотел. Во вечерните часови организирана заедничка посета на Трокадеро. ПРОСЛАВА НА ОТВОРЕНО И ДОЧЕК НА НОВАТА 2020 година. СРЕЌНА НОВА ГОДИНА! Враќање во хотел. Ноќевање.


6 ден – 01.01.2020 (Среда)

Појадок. Одјавување од хотелот,багажот се остава на рецепција.Организирана посета и прошетка по Елисејските полиња. Организиран превоз до аеродром од хотелот во 12:00 часот. Полетување за Загреб во 15:10 часот, слетување во 17:05ч. Полетување за Скопје во 21:15, слетување во 22:45 часот во Скопје

 

Цена: 485€ 29.970 мкд

 

Во цената се вклучени следниве услуги:

 - Авио билет на релација Скопје-Париз-Скопје

- 5 ноќевања со појадок во хотел со 3* Ibis La Defence 

- Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно 

- Организиран панорамски разглед на градот

- Организирани пешачки разгледи на Париз со метро и водич - Организација на патувањетои и сигурна реализација на факултативните екскурзии

- Придружник од Агенцијата за целиот престој во Париз

 

Во цената не се вклучени следниве услуги:

- Аеродромски такси 139 еур / 8.590 мкд ,со вклучен чекиран багаж 23кг, пијалок и оброк во авион се плаќа во Агенција

- Боравишна такса во хотел 1.50 еур на ден по лице, вкупно 7.50 еур / се плаќа во Агенција во мкд

- Превозот со метро и автобус во Париз (цена околу 14 еур карнет за 10 возења)

- Влезница за Ајфелова Кула (влезница до 2-риот спрат 16.30 еур)

- Посета на Лувр 45 еур влезница + водич (со метро) за лица до 18 год. - 25 еур

- Посета на Версај - 65 еур влезница + водич, за лица до 18 год. 40 еур (се патува со автобус од хотел) не е вклучена влезница за парковите и чини околу 9 еур.

- Влезница за брод по Сена 15 еур (се патува со метро)

- Посета на Операта Гарние и музејот Орсеј околу 15 еур-влезница за секој објект

- Посета на Мулен Руж со представа (цена од 115 еур со пијалок ½ шампањ и место за седење)

- Посета на Дизниленд 110 еур, дете до 11 години 95 Еур (превоз од хотел + целодневна влезница за 1 парк)

- Вечера или ручек во ресторан од 15 еур без пијалок

- Задолжително здравствено и патничко осигурување 

 

За реализација на факултативните екскурзии потребно е минимум од 15 патници

- Плаќањето е задолжително во денари (1 еур = 61.8мкд)

- За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност 90 дена од денот на патувањето

- Kраен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата 7 дена пред патување

- За резервација задолжителна уплата од 30% од вкупниот износ, целосна доплата 15 дена пред патување - За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20патници