ELENI STUDIOS (1)

 

Еleni Studios е убава градба со сопствен двор, која во својот состав вбројува десетина убаво уредени студија и апартмани за сместување на туристи. Пријатната атмосфера во зеленото опкружување на нејзиниот двор, ја дополнуваат цвеќињата и свежината на морскиот воздух. Не многу далеку оддалечена од градската плажа, вилата Елени е идеална за оние кои бараат одмор во подоцнежните вечерни часови, а сепак да се во блиската околина на центарот на Ипсос.

 

ПОСЕБНИ ПОНУДИ за термините: 16. и 23.Септември 2017
Пакет аранжман - 7 ноќевања со автобуски превоз од 84 €


КРФ - СТУДИЈА ЕЛЕНИ

 (наем на студија, 7 или 9 ноќевања)

 

КРФ наем ЈУНИ ЈУЛИ АВГУСТ СЕПТЕМВРИ
студио/апартмани термин 17 24 1 10 19 28 6 15 24 2 9
(7 или 9 ноќевања) ноќевања 7 7 9 9 9 9 9 9 9 7 7
ELENI "B" STD 1/2 (2 лица) 163 179 253 279 306 328 328 328 273 177 148
Ипсос STD 1/2+exb* (3 лица) 163 179 253 279 306 328 328 328 273 177 148

 

- Цените се однесуваат за наем на студио, за 7 или 9 ноќевања (без превоз).
- Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1 EUR = 62 MKD).

 

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ

- Доплата за превоз (за корисници на аранжмани): возрасни 70 € ; деца од 2 до 12 год. 50 € (автобус и брод)
- Во студијата е дозволено сместување на лица согласно предвидeниот капацитет (број на кревети),
преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 2 години.
- Доплата за дополнителен кревет (доколку има можност) + 9 EUR на ден. 
- Доплата за полупансион (појадок и вечера) во ресторан (информации во агенцијата).
- Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)
- Задолжително патничко осигурување (за лица до 65 год.)

 

ПРОГРАМА НА АРАНЖМАНОТ:


01.ден  СКОПЈЕ - КИЧЕВО - ИГУМЕНИЦА - КРФ 
Состанок на групата на паркингот спроти хотел Holiday Inn во 00:10 часот. Поаѓање за Грција во 00:30 ч. Ноќно возење со попатни одмори. Пристигнување во пристаништето Игуменица во предпладневните часови. Превоз со траект до островот Крф. По пристигнувањето, трансфер до Ипсос и сместување во објект по избор од програмата. Слободно попладне за одмор. Ноќевање.

од 02.ден до 07. или 09.ден   КРФ (Ипсос или Кавос) 
Денови за одмор и идивидуални активности. Престој во место и објект по избор од програмата, во студија и апартмани на база ноќевање. Комуникација со локалните претставници на агенцијата за евентуални факултативни излети и посети. Ноќевање.

08. или 10.ден  КРФ - ИГУМЕНИЦА
Напуштање на собите до 09:00 часот. Во попладневните часови, заминување на траект. По пристигнување на пристаништето во Игуменица, патувањето продолжува кон Македонија. Возење со повремени попатни одмори. Пристигнување во Скопје, во доцните вечерни часови.

 

* Превоз со конекција од градови обележани со "*" поаѓањето е ден порано од терминот на автобус.