| Лето 2010 |
| Црна Гора |
| Хрватска |
| Грција |
| Турција |
| Албанија |
| Бугарија |
| Италија |
| Охрид |
| Египед |
| Шпанија |
| Дополнителна ЛЕТО 2010 |
| Екскурзии |
| Wellness & spa |
| Направи резервација |
| Провери резервација |
| Скопје | Охрид | Битола |

|
ВИЗИ
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ВИЗИ За некои земји потребно е писмо со покана, а за некои гарантно писмо. Но и двете мора да бидат заверени во соодветна институција. Писмото со покана претставува покана од некој државјанин на одредена земја. Писмото со покана претставува доказ дека во таа земја ќе биде обезбедено сместување за оној што бара виза. Покрај писмо може да приложите и резервација (ваучер) за хотел . Потребно е да пронајдете хотел и да направите резервација која ќе ја покажете во амбасадата при вадењето на виза. Резервацијата потоа можете да ја користите или откажете. Истата може да ја обезбедите и преку нашата агенција, (линк кон резервација на хотел) Гарантното писмо освен поканата треба да содржи и изјава од тој што Ве повикува, со која се обврзува дека освен што ќе Ви обезбеди сместување, храна, евентуални медицински трошоци итн, тој ќе гарантира дека нема да направите некој инцидент. Со други зборови, Вашиот домаќин со гарантното писмо изјавува дека ќе одговара за Вас, се додека сте во таа земја. Гарантното писмо е поформално од писмото со покана, и не може да се замени со ваучер . Резервација за авионски билет е документ кој многу амбасади го бараат при поднесување на документите за виза. Резервацијата на билетот може да ја извршите во нашата агенција и истата е бесплатна доколку авионскиот билет се уплаќа преку нас. Обрнете посебно внимание што Ви бара Амбасадата: дали само резервација или купен авионски или автобуски билет . ИНФОРМАЦИИ ЗА ВИЗЕН РЕЖИМ Визен режим на Република Македонија со други држави, специјални административни региони и субјекти и територијални власти непризнати како држави. (превземи тука)
За подетални информации за визи за сите држави од светот може да прочитате тука.
ДИПЛОМАТСКИ ПРЕТСТАВНИШТВА И КОНЗУЛАТИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Листа на странски дипломатско-конзуларни претставништва, претставништва на меѓународни организации и почесни конзулати во Република Македонија.
ПРЕТСТАВНИШТВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО СТРАНСТВО Кога престојувате во странство своите права ги остварувате преку нашите претставништва. Тука ја имате листата на претставништва.
|