| Лето 2010 |
| Црна Гора |
| Хрватска |
| Грција |
| Турција |
| Албанија |
| Бугарија |
| Италија |
| Охрид |
| Египед |
| Шпанија |
| Дополнителна ЛЕТО 2010 |
| Екскурзии |
| Wellness & spa |
| Направи резервација |
| Провери резервација |
| Скопје | Охрид | Битола |

|
НАПРАВИ АВИОНСКА РЕЗЕРВАЦИЈА Почитуван патнику, Доколку сакате да посетите некоја егзотична дестинација, да ги посетите роднините каде и да се во светот, да се запознаете со нови места во светот, да прошетате на некои од прочуените европски плоштади, да учевствувате на некој за Вас значаен настан , или едноставно во природа Ви е да летате ширум оваа Планета ... Контактирајте не, а ние ќе се потрудиме да Ви пронајдеме најповолен авионски билет, најсигурна авиокомпанија, најдобро поврзани летови... Можете да купите авионски билет без да доаѓате во агенцијата. Билетот доколку сакате, Ви го доставуваме на Вашата адреса или e-mail бесплатно. Контактирајте не и ќе добиете одговор во најкраток можен рок... Нудиме најповолни авионски билети за сите светски дестинации .Со помош на резервацискиот систем Amadeus, Ви ги обезбедуваме сите информации за планирање на Вашето патување по најповолни тарифи преку релевантни светски авиокомпании . Amadeus – глобален дистрибутивен систем (GDS), е информатичка мрежа од глобални размери која овозможува сите расположиви услуги во областа на патувањето - места на летови, во хотели и на бродови , rent-a-car итн, да бидат достапни преку посебни компјутерски апликации, на продажни места ширум светот и тоа во истиот момент кога ќе се внесат во систем. Меридијан користи услуги од системот Amadeus GDS. Кликнете тука за да пополните формулар за резервација на авионски билет. Пред да ни пратите барање за резервација прочитајте ги овие корисни информации за патување со авион. ИНФОРМАЦИИ ЗА ЛЕТОВИ И ЦЕНИ На цената на авионскиот билет влијаат овие параметри :
Во овој случај имаме можност да Ви понудиме авионски билет по најповолна цена која во тој момент е расположива. РЕЗЕРВАЦИЈА НА АВИОНСКИ БИЛЕТ За да Ви резервираме авионски билет мора точно да знаеме име и презиме на патникот кое мора да се поклопува со податоците од пасошот, датумот на раѓање при што патникот можеби ќе припаѓа во категорија на патници со попуст, контакт телефон или e-mail што дава можност да бидете известени од страна на агенцијата или авиокомпанијата за било какви промени во редот на летање, за можни промени во цената на авио билетот, аеродромските такси, рокови за купување на авионскиот билет, други услови поврзани за Вашето патување кои авиокомпаниите можат да ги воведат и друго. Ако дојде до непочитување на рокот за купување на авионскиот билет истиот може да биде сторниран. Резервацијата Ви чува само место во авионот но не Ве штити од промената на цената на авио билетот, аеродромските такси, времињата на летање итн. http://www.dpbolvw.net/placeholder-3513349?target=_top&mouseover=N">> КУПУВАЊЕ НА АВИОНСКИ БИЛЕТ Цените се во евра но се плаќа во денарска противвредност по курс на авиокомпанијата на денот на купување на авио билетот. Купувањето на авионскиот билет претставува договор меѓу патникот и авиокомпанијата. Со тоа компанијата ги превзема сите обврски према патникот и одговорна е за било какви измени или проблеми настанати по нејзина вина. Од друга страна и патникот има обврска да ги почитува правилата која ги пропишува авиокомпанијата и превзема одговорност ако на истите не се придржува. ЕЛЕКТРОНСКИ БИЛЕТИ Патникот добива само итинерер на кој се наоѓаат деталите на летот. Секој електронски билет има свој нумерички број. Процедурата за check in е потполно иста како и за претходните карти со тоа што наместо карта го давате пасошот како идентификација и добивате boarding карта за влегување во авион. Предноста на електронскиот билет е што се скратува времето и процедурата на аеродромот и ваквиот билет не може да се загуби. Свој итинерер можете да добиете отпечатен повторно во секој момент од страна на агентот. Практично е и тоа што Вашиот агент за Вас додека сте на пат може да ги врши сите промени кои Ви се потребни, па не мора да се обраќате до авиокомпанијата со која патувате, да го носите билетот на увид и сл. ЗАМИНУВАЊЕ НА АЕРОДРОМ, CHECK-IN, БАГАЖ... Пред секој меѓународен лет неопходно е на аеродромот да се дојде минимум 2 часа пред полетување на авионот. При доаѓањето на аеродромот треба да се пронајде шалтер со натпис на авиокомпанијата со која летате и тука да извршите чекирање. Го предавате Вашиот билет, личните документи (пасош) и сиот багаж кој го имате освен личниот. Патникот добива свој boarding pass т.е. билет за влегување во авион на кој пишува gate т.е. излез на кој се наоѓа авионот, нумерација на седишта итн. |