My status

Актуелна

Лето 2010
Црна Гора
Хрватска
Грција
Турција
Албанија
Бугарија
Италија
Охрид
Египед
Шпанија
Дополнителна ЛЕТО 2010
Екскурзии
Wellness & spa

Хрватска

Резервирајте on-line
Пребарување

Автобуски Билети

Балкан
Европа

Сместување

Хотели во Македонија
Хотели во странство
Приватно сместување
Селски туризам

Температури во:

Скопје Охрид Битола
 
28,517Visitors:
39Visitors today:
46Visitors yesterday:

ferry.jpg

Amadeus

HRS

Eurolink

Kursna lista Stopanska Banka

ATAMBaftaaUFTAAIATA

sktm.jpg

 

Инфо

Кичево е град во средишниот дел на Западна Македонија. Градот лежи во Кичевската Котлина под југоисточните падини на планината Бистра. Од Скопје Кичево е оддалечено 112 километри, а се наоѓа на речиси половина пат меѓу Гостивар (46 километри) и Охрид (61 километар). Според пописот од 2002 година градот Кичево има 30138 жители.

Историја на Кичево

Кичево како населба е првпат споменато под името Ускана во времето на владеењето на Античкиот Македонски владетеле Персеј, градот имал значајна улога во Македонско - Римските војни (170-169 г.п.н.е.). Подоцна во 1018 година градот е споменат под името Кичавис во документите на тогашниот Византиски владетел Василиј II. Револуционерното движење против Османската власт го започнале јеромонахот Јосиф од познатиот манастир Света Богородица Пречиста во близината на Кичево и неколку учители. Во 1878 година од страна Пере Тошев била организирана првата вооружена револуционерна чета на чело со војводата Дуко Тасев. Кичево е познато по неговата голема улога што ја одиграло во Илинденското востание. Од овој град и од неговата околина излегле голем број на војводи од кои најпознати се Јордан Пиперката, Наќе Лавчанчето, Дуко Тасев итн. За време на Втората светска војна Кичево бил првиот слободен град и слободна територија заедно со Дебарца во 1942 година. Од градот и околината се исто така произлезени и многу партизани.

Потекло на името Кичево

Според Марко Цепенков сестрата на Крале Марко, Кита владеела овде на калето (наречено Китино Кале) кое е всушност денешното Кичевско Кале со саат-кулата, и според градот го добил името Кичево. Во отоманскиот период, градот го носел името Крчово (денес употребувано од Албанците), со што се смета дека познатиот македонски просветител Јоаким Крчовски најверојатно водел потекло од Кичево или Кичевско.

Стопанство и економија

Во Кичево е доста развиена трговијата, а најпознати стопанско - индустриски објекти се поранешниот рудник за железо Тајмиште (сега има производство на здрава храна), рудникот за јаглен и термоелектрана Осломеј, фабриката Тане Цалески. Градот Кичево и кичевско се познати и по најдобриот и највкусниот бурек на Балканот, а кичевчани се и најпознатите пекари и фурнаџии во Белград.

Линкови

Општина Кичево - официјална веб страна

Кичево на МК Wikipedia

Кичево на EN Wikipedia

 
 

Шопинг Истанбул

istanbul_01.jpg

Автобуски билети

bus_01.jpg

Авионски билети

airplane_01.jpg

Шопинг Солун

solun_01.jpg

top